ВЕСТИСВЕТ

ЕУ го повика на разговор рускиот дипломат во Брисел

Европската Унија објави дека го поканила рускиот претставник во ЕУ на разговор во Брисел поради смртта на најистакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во затворот во Сибир.

Во соопштението на дипломатската служба на ЕУ се наведува дека генералниот директор на ЕУ за Источна Европа, Русија и Централна Азија, Мајкл Зиберт, го поканил на разговор Кирил Логвинов и го пренел повикот до Русија да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага на околностите за смртта на Алексеј Навални.

„ЕУ ја изрази својата огорченост поради смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, за што претседателот Путин и руските власти ја сносат крајната одговорност“, се додава во соопштението.

Белгија, Франција, Германија и Полска се меѓу земјите кои ги повикаа на разговор руските амбасадори по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Во петок, пак, се очекува Соединетите Американски Држави да објават нови санкции против Русија поради смртта на Навални.

Најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин почина на 16 февруари во затворот во Сибир. Неговото тело, како што ѝ било соопштено на мајката на Навални, ќе биде задржано две недели поради хемиски анализи. Од руските власти засега нема информации каде точно се наоѓа телото на рускиот опозициски лидер, а сопругата на Навални, Јулија, ја обвини Москва оти го крие неговото тело.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button