ЗДРАВСТВО

Еве зошто животот е посладок кога шеќерот е сведен на минимум

Што ќе добиете доколку го исфрлите шеќерот од исхраната? Прочитајте!

Advertisements

Знаеме дека консумирањето шеќер во големи количини е штетно за вашето здравје, но да се каже „не“ на мало парче слатко задоволство понекогаш е речиси невозможно. Погледнете зошто вреди да имате цврст став и да го одбиете ова искушение.

1. Губењето телесна тежина станува полесно

Шеќерот содржи празни калории, кои го пополнуваат дневниот калориски внес. Исто така шеќерот може да предизвика и прејадување. По скокот на гликозата што се случува кога јадете шеќер, ќе доживеете удар што предизвикува на телото да му требаат повеќе извори на енергија и поголема желба за шеќер во текот на денот. Исклучувањето на празните калории од диетата помагаат во здраво управување со тежината.

2. Се подобрува здравјето на цревата

Додадените шеќери се познати по воспалението и хаосот што го приредуваат на цревата. Со намалување на внесот на шеќер, околината во цревата станува помалку гостопримлива за штетните микроби, дозволувајќи им на корисните бактерии да напредуваат.

3. Ќе почувствувате повеќе енергија

Со претворање на јаглехидратите во гликоза, телото добива енергија. Но прекумерното консумирање може да направи скок на нивото на шеќер а со тоа да се наруши балансот. Најенергични сме кога нивоата на енергија се стабилни.

4. Ќе забележите позитивни промени на кожата

Исклучувањето на шеќерот исто така може да доведе до регулирање на производството на себум а тоа резултира со посјајна и почиста кожа.

5. Се намалува веројатноста да добиете кариес на забите

Кога молекулите на шеќер се комбинираат со плунката и бактериите присутни во устата, се формираат наслаги на забите. Со исклучување на шеќерот, можете да го запрете овој процес за да избегнете кариес .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button