СПОРТФУДБАЛ

Феликс се откажал од 17 милиони евра за да игра за Барселона?!

Португалскиот интернационалец Жоао Феликс ја постигна целта да се пресели од Атлетико Мадрид во Барселона, но тоа буквално скапо го чинеше. Според информациите на „А Бола“, португалскиот интернационалец се откажал од 17 милиони евра за да ја заврши зделката.

Во Атлетико, Феликс добиваше 6 милиони евра по сезона. Тој го доби својот надомест за јули и август и до крајот на сезоната неговата плата ќе ја покрива Барселона. До крајот на сезоната Каталонците на 23-годишниот напаѓач ќе му платат само 400.000 евра. На овој начин ќе загуби близу 5 милиони евра.

За да го ослободи најскапото купување во нивната историја на директен ривал, Атлетико Мадрид побара од Феликс да го продолжи договорот за уште две сезони, до 2028 година. Во новиот договор платата на Португалецот е намалена двојно – 3 милиони евра. Тоа значи дека во следните 4 години ќе инкасира само 12 милиони евра, а не 24 милиони.

„Мундо Депортиво“ напиша дека на почетокот на летото постоела опција Жоао Феликс да го засили Ливерпул, а Дарвин Нуњес да потпише со Атлетико, но самиот Португалец ја одбил идејата бидејќи инсистирал да игра во Барселона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button