РАКОМЕТСПОРТ

Пелистер – Вардар, Супер купот во салата „Парк“ во Струмица

Новата ракометна сезона во Македонија официјално се отвора денеска, со натпреварот за Супер купот, Пелистер – Вардар.

Пелистер како шампион го брани и овој пехар од минатата сезона, против освојувачот на Купот, Вардар, во салата „Парк“ во Струмица (18ч.).

Вардар има три пехари во Супер купот, откако тој се одржува, од 2017 година, два освоени против Металург, еден со Работник, пред фузијата на битолските тимови.

Двата пехара на Пелистер, пак, се против црвено-црните, во последните две години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button