ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово и МОН се караат, гимназија нема и струја и пари

Тетово и МОН се караат, гимназија нема и струја и пари

Од почетокот на новата учебна година гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово е без електрична енергија, што го попречува одржувањето на наставниот процес. Директорката на гимназијата за проблемот ја обвинува општина Тетово, која според неа, седум месеци нема пуштено финансиски блок-дотации.

„До ова дојде поради немањето блок дотации кои веќе седум месеци општина Тетово ги нема распределено за тетовската гимназија. За седум месеци вкупниот износ на долгот на гимназијата надмина 130.000 евра. Ова е само долгот, а извршителите кои дојдоа си имаат свои калкулации“, изјави Теута Лала, Директорка на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ.

Од општина Тетово велат дека не пуштале пари поради констатираните злоупотреби од страна на директорката, а го обвинуваат Министерството за образование дека не го решава проблемот.

„За жал, Министерството за образование и наука, иако поминаа речиси два месеца откако ни ги одзеде надлежностите, не е во можност да најде начин да издаде средства за гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Во тие два месеца откако сме без надлежностите за општи работи, тоа училиште сè уште е без електрична енергија и без средства. Министерството за образование сега ќе мора да си најде решение гимназијата да добие електрична енергија и потребните средства за функционирање“, нагласи Назми Даути, Сектор за образование, Општина Тетово.

Од ваквата ситуација најмногу страдаат учениците и професорите.

„Ако продолжиме без електрична енергија, сè разбира дека ќе има пречки“, нагласи Даут Арифи, професор.

Поради кавгата меѓу општината и директорката на гимназијата, пред два месеца Министерството за образование, втор пат по ред во рок од 12 месеци ѝ ги одзема надлежностите на општина Тетово.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button