ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Власта го враќа Никола Груевски!“

„Власта го враќа Никола Груевски!“

Албанскиот опозициски блок Движење Беса, Алтернатива и Демократското движење, ја обвинуваат Владата дека со предложените измени на Кривичниот законик бара амнестија за актуелните владини функционери и за поранешниот премиер Никола Груевски. Според пратеникот Фадил Зендели, со предлозите доставени до Собранието ќе застаруваат предметите и ќе се повторуваат судски постапки, додавајќи дека владејачките партии се спремаат по заминувањето во опозиција да ги олеснат законските одредби за злоупотребите што ги направиле.

„Со овие предлог – измени на Кривичниот законик предложени од Владата на СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците паѓаат во вода сите изречени казни за Груевски и оние кои може да следат. За сите случаи во кои му е судено или му се суди во отсуство може да побара повторување на постапката. Имаме длабоки и основани сомнежи дека измените на Кривичниот законик се предлагаат и затоа што високите претставници на ДУИ, но и на СДСМ, знаат дека по следните избори ќе бидат во опозиција и затоа сакаат да создадат рамка за да не бидат опфатени со кривично гонење. Од што се плашат, тие најдобро си знаат, а ние ќе знаеме дури откако ќе ја имаме власта во наши раце, кога ќе имаме пристап до сите далавери на оваа антинародна власт“, naglasi Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Зендели ги повика Алијанса за Албанците и министерот за правда, Кренар Лога да излезат и да соопштат дали стојат зад овој предлог или не, а министерот да си поднесе оставка.
„Она што е впечатливо е дека нацрт-амандманот на Кривичниот законик не е потпишан од министерот за правда, туку од неговиот заменик. Вака ли АА сака да си ги измие рацете како Пилат и да каже дека не е виновна за услугата што му ја прави на Груевски? Очекуваме дека министерот за правда, како и претседателот на АА, да излезат и да кажат дали се согласуваат со овие измени на Кривичниот законик. Ако не се согласуваат, тогаш најмалку што можат да направат како партија е министерот Лога да поднесе оставка бидејќи веќе знаеме дека не можат да ја напуштат Владата“, рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Според албанскиот опозициски блок, предлог-измените на Кривичниот законик има за цел да се спречат уставните амандмани што албанската опозиција планира да ги предложи, а кои се однесуваат на незастарување на кривичните дела направени од избрани и именувани функционери.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button