МАКЕДОНИЈА

Фетахи: Ние сме за уставни измени, постојано баравме отстранување на 20-те проценти

Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат, наведува дека неговиот политички субјект во неколку наврати барал отстранување на 20-тте  проценти, но, според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изјавата ја дал одделно, без усогласување со другите политички субјекти. Фетаи дури рече дека е неопходно во Уставот целосно да се направи официјализација на албанскиот јазик.

„Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не беше координирана со другите политички сили, тој сам излезе со овој предлог, без претходна координација. Повеќе пати кажавме дека мора да се отвори Уставот на Северна Македонија, да се донесе нов, помодерен Устав, кој е во согласност со волјата на заедниците кои живеат во Северна Македонија, во согласност со социо-економската реалност што ја имаме сега, по пописот, и воопшто според нашата политичка платформа, бараме со новиот Устав да се дефинира државата како рамноправна држава на двете најголеми заедници кои живеат во оваа земја“, рече Арбен Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button