КОШАРКАСПОРТ

Филаделфија се радува, Џоел Ембиид се враќа за плеј оф

Филаделфија 76ерс може да се радува, бидејќи се најавува кам-бекот на супер-ѕвездата од повреда.  Џоел Ембид на 30 јануари против Голден Стејт го повреди менискусот на коленото, а постоеа шанси да го пропушти остатокот од сезоната.

Најдобриот играч на 76ерси беше опериран на шести февруари, а според најавите од Соединетите Американски Држави, би можел многу порано од планираното да се врати во тимот.  Овие информации ги потврди и тренерот Ник Нурс, кој само кратко ја прокоментира ситуацијата околу повредата на најдобриот играч.

Филаделфија без Ембид го загуби фаворитскиот статус во лигата, меѓутоа доколку тој успее да се врати пред почетокот на плеј-офот, може да направи разлика.

Секако, треба да се види и колку време ќе му биде потребно на Ембид да ја врати формата. Пред повредата центарот беше во пол-позиција да го освои МВП признанието, бидејќи играше со просек од 35,3 поени и 11,5 скока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button