
Бројот на заболени деца во училиштата се изразува во промили, но тешко е да се определи дали во образовните установи има трансмисија на корона вирусот или не, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој децата се дружат и после часовите што ја отежнува проценката дали некоја евентуална зараза се случила за време на престојот во училиштето или после часовите.
„Многу е тешко да се утврди дали има трансмисија во училиштата или не поради тоа што децата немаат контакт само во училишниот објект, туку и после часовите се дружат, но не гледаме зголемен број на заразени ученици во било кое училиште, ниту во средните“, рече министерот Филипче.