ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче вели дека состојбата е стабилна и оти не треба нови мерки

Не се предвидуваат нови рестриктивни мерки за влез и излез вод ржавата. Иако многу земји од ЕУ ги блокираа летовите од Јужна Африка, Македонија останува на сегашните мерки. Новата варијанта на вирусот Омикрон, откриена на 24 ноември во Јужна Африка не го вклучи алармот на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека затворањето на границите не може да има ефект, но дека бара строго да се почитуваат досегашните мерки.

Израел и Јапонија го забранија влезот за сите странци, а Британија, Холандија, Канада, САД и Европската унија ги прекинаа воздушните врски со земјите во Јужна Африка.

Во однос на вакцинацијата, Владата на последната седница не го одобри предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација на здравствените работници и препорака за имунизација на јавниот и приватниот сектор.

Утре на владината седница ќе се расправа за новиот предлог на Комисијата, каде се очекува матичните лекари да бидат наградени со по 30 денари по пациент од вкупниот број регистрирани пациенти кај нив, откако 70 отсто од пациентите им бидат вакцинирани. Заклучокот од утринскиот состанок на КЗБ е дека состојбата со Ковид-19 во земјава е стабилна, неделната инциденца е за 5% помала од минатата недела и тоа се чувствува и по состојбата со слободните места во болниците. Во меѓувреме, од Министерството за образование велат дека состојбата во училиштата е стабилна и пандемијата не го загрозува напредокот на образовниот процес.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button