СПОРТФУДБАЛ

Финале на Африканскиот куп, дуел помеѓу Мане и Салах

Репрезентацијата на Египет и на Сенегал, вечерва ќе се соочат во големото финале на Африканскиот куп.

Садио Мане на едната страна со репрезентацијата на Сенегал е во врвна форма, постигнувајќи победи со многу голови. На другата страна е Мохамед Салах со Египет, кој ги елиминираа и домаќините на овој турнир.

Дуелот на двете ѕвезди на Ливерпул се очекува да биде доста интересен и двајцата напаѓачи ќе бидат во центарот на вниманието во ова финале. Натпреварот меѓу Сенегал и Египет ќе започне во 20 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button