ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ФИНКИ бара објект за себе, протестираа пред Владата

Студентите на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство, протестираа и импровизираа предавања пред Владата во знак на револт бидејќи сè уште немаат свој објект. Тој почна да се гради во дворот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но по смената на власта, градежните работи запреа, а градилиштето е претворено во депонија.

Деканот на ФИНКИ рече дека за да се исполнат условите на околу пет илјади студенти, ќе бидат доволни 10 илјади квадрати.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, како можно решение го гледа трансферот на студентите на некој од факултетите каде има помал број запишани.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button