ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ваков имот пријавил Рамиз Мерко

Неколкуте обвиненија на Јавното обвинителство за актуелниот струшки градоначалник, Рамиз Мерко, се резултат на притисокот од јавноста, но и од официјален Вашингтон. Вакви се оценките на аналитичарите од Коалицијата за правично судење. Ова следува откако вчера Обвинителството во Струга поднесе обвинителен предлог против Мерко за несовесно работење во службата. Но, Дарко Аврамовски од Коалицијата потенцира дека често пати досега ваквата ажурност на институциите кратко трае.

„..И единствено кога има некаков тков притисок од меѓунбродната заедница може да забележиме дека има некое раздвижување на работите на домашен план, но тоа раздвижување трае многу кратко и нема доследност во примената на ваквите стандарди за борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Аврамовски.

Според Обвинителството, во последниот случај Мерко незаконски поставил в.д. директор на училиштето во Лабуништа кому 19 месеци му биле исплаќани плата и придонеси. За обвинението реагираа денеска и од ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

„…Политката на неказнивост придонесе одредени структури да добијат претстава дека се недопирливи или дека сè им е дозволиво“, рече Никола Кукунеш, ВМРО ДПМНЕ-Струга.

Во изминатите недели против Мерко беше поднесен обвинителен предлог и поради набавката на луксузното ауди А6 и уште три други автомобили во вредност од 114.000 евра. Институциите се решија на таков потег дури откако минатата година американските власти него и неговото семејство го прогласија за персона нон-грата за влез во САД поради корупција и мешање во судството.

Инаку, според јавно декларираниот имот откако стана градоначалник, Мерко навел дека има стан во Албанија од 106 квадрати, потоа земјоделско земјиште од над 4.000 метри квадратни, куќа во Струга, шума и приходи од кирии.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button