СПОРТ

Фјури е за четвртиот предизвик со Вајлдер, но со еден услов

Тајсон Фјури изјави дека е подготвен да има четврт дуел со aмериканецот Деонтеј Вајлдер. Светскиот шампион во тешка категорија (ВБЦ) вели дека четвртиот дуел со Вајлдер, може да го собори секој рекорд доколку се одржи на стадионот Вембли во Лондон.

Сепак, четвртиот предизвик меѓу нив изгледа е тешко остварлив, бидејќи и двајцата имаат други планови за во иднина, барем за следната година. Фјури повторно ќе зачекори во рингот на 3 декември против Дерек Чисора (во Лондон), додека Вајлдер се врати во рингот минатиот месец кога го победи Роберт Хелениус.

„Тоа е борба што ми се допаѓа. Се сретнавме три пати во минатото (2 победи и 1 реми за Фјури), но сакам четвртиот предизвик да се случи во Англија. Ако го направиме тоа на „Вембли“, ќе го срушиме секој рекорд“ изјави Фјури.

Зборувајќи за неговата борба на 3 декември против Дерек Чисора, светскиот шампион рече дека е дуел против силен и почитуван противник.

„Тој е боксер во топ-10 во тешка категорија. Дуел против силен, почитуван ривал. Сакав предизвик кој ќе ми послужи како отскочна даска за следната година, зошто да не и против Усик ако тоа го сакаат“, истакна на крај Фјури.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button