ФУДБАЛ

ФК Шкупи го официјализираше последното засилување во зимскиот трансфер

Екипата на ФК Шкупи го официјализираше последното засилување во зимскиот трансфер пазар. Станува збор за фудбалер од Руанда, Абдул Ратабуаје кој потекнува од американската фудбалска лига и тимот на Колорадо Рапидс. 24-годишниот фудбалер, претходно го носеше дресот на тимот од Канзас Сити, додека игра во последната линија на одбраната. Играчот на Руанда потпиша договор на 18 месеци и ќе му се придружи на тимот од Чаир, кој моментално е во Анталија, во втората фаза од зимските подготовки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button