ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Францускиот предлог не е официјално објавен

Францускиот предлог не е официјално објавен

Таканаречениот француски предлог предвидува Советот за општи работи на ЕУ да ја одобри Преговарачката рамка за Северна Македонија на 23-ти јуни, оваа година и да закаже меѓувладина политичка конференција на истиот денc со шефовите на државата.

Advertisements

Советот на истиот самит ќе одлучи и следната меѓувладина конференција за отворање на преговорите за членство да се одржи веднаш штом Северна Македонија ја заврши процедурата за вклучување на Бугарите во Уставот.

Франција настојува да воспостави рамнотежа меѓу црвените линии на двете страни.

Според документите кои кружат во медиумите, името на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е „македонски“, без дополнителни објаснувања или фусноти. Пакетот документи предвидува Бугарија и Северна Македонија да достават еднострани изјави за македонскиот јазик во заклучоците од првата меѓувладина конференција, кои што нема да влијаат на содржината на преговарачката рамка.

Во рамките на преговорите, принципите според кои ќе се одвива процесот за членство се споменати Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година. Софија и Скопје ќе треба да потпишат протоколи за спроведување на второто на 23-ти јуни.

Во нацрт-преговарачката рамка се наведува дека Северна Македонија ќе усвои акциски план посветен на заштитата на правата на малцинствата и заедниците, чија имплементација редовно ќе се следи на меѓувладините конференции./Аlsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button