СПОРТФУДБАЛ

Фудбалер од Премиер лигата уапсен поради силување

Неименуван фудбалер од клуб од Премиер лигата е уапсен под обвинение за силување. Како што пренесуваат британските медиуми се работи за играч кој играл во ноември и декември на Светското првенство во Катар.

Исто така, „Сан“ наведува дека, покрај двете жртви кои го обиниле фубалерот, се појавила и трета жртва која била подготвена да сведочи во судскиот процес против него. Се додава дека силувањата се случиле во април 2021 година и јуни 2022 година. Третата жртва тврди дека била нападната во Хертфордшир во февруари 2022 година.

Исто така, „Сан“ наведува дека фудбалерот моментално е во притвор во полициска станица и дека неговиот распит е во тек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button