ВЕСТИРЕГИОН

„Галуп“: Партијата на Слави Трифонов е победник на изборите во Бугарија

Aгецијата „Галуп“ вели дека партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Податоците што „Галуп“ ги споделува се од паралелните пребројувања на 90 проценти од гласовите.

„Галуп“ наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.

Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила.

„Има таков народ“ освоија 23,2 проценти од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 проценти, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 проценти, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 проценти. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во парламентот.

Според „Галуп“, излезноста на изборите била 38,1 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button