СПОРТФУДБАЛ

Гарнет: “Човеку, ова е срање што го видовме на овој Ол-стар натпревар”

Легендарниот НБА кошаркар, Кевин Гарнет, го коментираше Ол-стар натпреварот за кој имаше различни критики. Според него, изгубен е шармот целиот настан, што наиде на критики од различни луѓе и порачаа дека играчите не се труделе доволно на овој натпревар.

Тоа му пречеше и на Кевин Гарнет, кој се присети на времето кога беше член на оваа игра заедно со Мајкл Џордан.

„Човеку, ова е срање што го видовме на овој Ол-стар натпревар… има ли некакви прашања да се постават? Никогаш нема да заборавам кога Мајкл Џордан му кажа на целиот тим од Источната конференција на Ол-стар натпреварот во Чикаго да игра напорно или да седи на клупата“, изјави Гарнет.

Инаку, на последниот Ол-стар, кој што се играше во Индијанаполис, беше срушен рекордот по бројот на постигнати поени (397), што е само показател за каква кошарка се играше во текот на натпреварот./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button