СПОРТФОРМУЛА - 1

Алонсо: Дури 19 возачи мислат дека Ферстапен ќе ја одбрани титулата

По тестовите во Бахреин, поранешниот светски шампион и возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо е убеден дека Макс Ферстапен ќе ја одбрани титулата во Формула 1.

„Макс е светски шампион, а Ред Бул доминира во спортот. Концептот кој го претставија оваа година е изненадување. Ова е брутален спорт, дури 19 возачи во моментов мислат дека Ферстапен ќе биде шампион и мора да се помириме со тоа“, кажа Алонсо.

Ред Бул минатата сезона беше доминантен во спортот и возачите на екипата славеа на дури 21 од 22 трки. Првата трка е на програмата следниот викенд во Бахреин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button