СПОРТ

Рафаел Надал со “шпалир” и специјален трофеј најави крај на кариерата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал настапи на домашниот турнир во Мадрид и застана на патот кон четвртфиналето. Некогашниот прв светски рекет доживеа пораз од Јиржи Лехачка од Чешка со 0-2 во сетови.

Овој меч беше доста емотивен за Рафа, затоа што на трибините имаше повеќе од 13.000 луѓе кои му даваа безрезервна поддршка. И по поразот, тој додека заминуваше од теренот доби „шпалир“ од организаторот, како знак за благодарност за се што направи за белиот спорт. Во обраќањето до публиката, 37-годишниот Рафаел Надал пушти солзи.

„Ова беше еден од оние моменти, кога ви доаѓа тешко на душата, но мојот живот и моето тело веќе ми праќаат сигнали“, кажа Надал, со што го најави крајот на кариерата.

По крајот на настапот во Мадрид, Рафаел Надал доби и специјален трофеј од страна на организаторот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button