МАКЕДОНИЈА

Гаши: Законот за државјанство беше дел од нашата предизборна кампања

Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши во вечерашната емисија „Патот кон …“ на Алсат рече дека нацрт-законот за државјанство е дел од предизборната кампања на коалицијата АА-ААА и нивното ветување било ова прашање да се реши уште во првите 100 дена влада. Сепак, изборните резултати диктирале друга владејачка коалиција.

„Во однос на законот за државјанство, мислам дека тоа е една од најсериозните и најголеми рани што погодија дел од Албанците. Овој проблем се провлекува уште од 1991 година кога нашата земја стана независна и Албанците постојано наидуваа на државни пречки да не можат да добијат државјанство. За нас, ова беше тенденција и негирање на основното човеково право, најпрво, а потоа и национално. Овој закон го имавме и во предизборната кампања, го имавме како еден од условите за првите 100 дена, па по изманипулираните и украдени избори, кога беше воспоставена владината коалиција што ја имаме во моментов, сметавме дека е потребно од позицијата на опозиција да го истурка процесот на усвојување на овој закон бидејќи тоа е суштински проблем на Албанците и граѓаните“, Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button