МАКЕДОНИЈА

Ѓата: Медиумите во Албанија се фокусирани на руско-украинскиот конфликт

Медиумите во Албанија повеќе од две недели се фокусираат на руско-украинскиот конфликт. Сите новински изданија и политички дебати се посветени на овој конфликт, изјави продуцентот на A2 CNN, Панди Ѓата во „Емисија 200“ на Алсат.

Според него, човечката драма што се случува во Украина, се чувствува и доживува во Албанија. Ѓата дури направи паралела со војната во Косово.

„Човечката драма ја имавме многу блиску, ја имавме во Косово пред речиси 2 децении, малку подалеку сме од она што се случува во Украина, но што несомнено се чувствува и доживува на човечка страна овде во Албанија. Медиумите овде повеќе од две недели се фокусирани само на случувањата во Украина. Сите информативни изданија почнуваат со настаните од таму, сите емисии и политички дебати се насочени кон случувањата во Украина, преговорите што се водат меѓу претставниците на Киев и оние на Москва, реакциите на меѓународните, санкциите, улогата на сите во оваа ситуација, тоа се случува без преседан“, изјави Ѓата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button