ЗДРАВСТВОМЕТРОПОЛ

Генетски модифицирана крава произведува човечки инсулин во своето млеко

Генетски модифицирана крава произвела протеини потребни за синтеза на човечки инсулин во своето млеко, а научниците зад експериментот имаат големи надежи дека со овие животни би можело да се решат проблемите со снабдувањето со инсулин во светот.

Инсулинот – и неговата улога во дијабетесот – за прв пат е откриен во 1921 година, и долги години дијабетичарите се лекуваа со инсулин добиен од панкреасот на говедата и свињите.

Но, во 1978 година, првиот „човечки“ инсулин беше произведен со помош на протеини од генетски модифицирани бактерии E. coli, кои заедно со слични процеси во кои се користи квасец наместо бактерии, е главниот извор на медицински инсулин до ден-денес.

Иако свртувањето кон крави за снабдување со хуман инсулин не е ново, новата студија е првпат да се постигне синтеза на човечки инсулин кај генетски модифицирано животно.

„Нашата цел беше да направиме проинсулин, да го прочистиме до инсулин и да одиме понатаму. Но, кравата во основа сама го преработи“, вели научникот Мет Вилер.

Истражувачкиот тим, предводен од научникот Вилер од Универзитетот во Илиноис, вметнал одреден сегмент од човечката ДНК што го шифрира проинсулинот (протеин кој се претвора во инсулин) во клеточните јадра на 10 кравји ембриони, кои потоа биле вметнати во матките на обични крави.

Само еден од овие генетски модифицирани ембриони се развил во бременост, што довело до природно раѓање на живо, трансгенско теле.

„Посакувам да видам иднина во која стадо со 100 грла може да го произведе целиот инсулин што е потребен за земјата. Ако пак, стадото е поголемо, ќе може за една година да се добие инсулинот потребен за целиот свет“, додава Вилер.

Извор: Science Alert

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button