ВЕСТИСВЕТ

Германија од понеделник воведува карантин

Во Германија потврдени се нови 16.774 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти од почетокот на пандемијата.

Како што објави Институтот за инфективни болести, Роберт Кох, во последните 24 часа починале 89 лица.

Досега во Германија се заболени повеќе од 480 илјади лица, а 10.300 починале.

Германската канцеларка Ангела Меркел објави дека германските власти се согласиле на четиринеделно затворање на ресторани, барови, кина, театри и други слични установи, во обид да се запре ненадејното зголемување на инфекциите.

Одлуката треба да стапи на сила во понеделник и ќе трае до крајот на ноември.

Продавниците и училиштата треба да останат отворени, за разлика од затворањето на Германија за време на првата фаза од пандемијата во март и април. Рестораните ќе можат да служат храна само за носење.

– Мораме да дејствуваме сега за да избегнеме акутна национална здравствена криза – рече канцеларката Меркел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button