РЕГИОН

Во Хрватска рекордни 2.242 новозаразени и 16 починати

Во Хрватска, за еден ден се потврдени 2.242 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починаа, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Претходно, директорот на Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар изјави дека во последните 24 часа во Загреб биле евидентирани рекордни 798 новозаболени лица.

Во моментов има 9.745 активни случаи на коронавирус во Хрватска, од кои 731 пациент на болничко лекување и 52 пациенти на респиратор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button