МАКЕДОНИЈА

Гир: Да се заштитат проверувачите на факти

Предизборниот период го зголеми ширењето на дезинформации. Евроамбасадорот во Скопје вели дека следниот период ќе биде уште поинтензивен за ширење лажни вести. Гир рече дека е важно да се заштитат проверувачите на факти и да не се дозволи тие да бидат компромитирани. На конференцијата насловена „Заштита на демократијата на Балканот; заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“ беше заклучено дека дезинформациите ја уништуваат довербата во институциите и за таа цел треба да се води борба со нив.

Advertisements

„За жал, тоа не се случува само во Северна Македонија, туку може да се очекува во некои делови од Европа, во наредните месеци, бидејќи ова е година на избори во повеќе земји… затоа, тоа е наша одговорност и должност,  државните институции да зборуваат јасно кога проверувачите на факти се загрозени. Ако не работиме за ова, тогаш се откажуваме од одбраната на демократијата”, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button