ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кредибилитетот на судовите и како до квалитетно судство во земјава

Политизираните судски одлуки, недостигот на транспарентност и интегритет на судиите се меѓу главните фактори поради кои граѓаните немаат доверба во судскиот систем. За да се врати довербата, потребна е сериозна посветеност од сите, додека најсилното оружје е одговорноста.

„Последниот период е важен предизвик за судството. Целосно политизираните одлуки во областа на владеењето на правото со недоволна транспарентност и квалитет го разнишаа кредибилитетот на судството. Денеска се собравме и треба да се обединиме во нашите напори повторно да го изградиме овој кредибилитет. Треба да изградиме систем заснован на знаење, заслуги и интегритет. Систем кој гарантира дека предметите се избираат преку правилни и транспарентни процедури. Систем, кој покажува посветеност на професионалните стандарди и прифаќање на извонредност и професионалност“, рече Сузан Пенкса, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Ист став имаат и претставниците на правосудните институции во земјава.

„Ова е период кога е потребен вистински и ефективен ангажман за реализација на реформската агенда на патот кон ЕУ. Една од овие заложби е обновувањето на довербата на јавноста како клучен сегмент за угледот на судството и унапредување на довербата што граѓаните ја имаат кон судството. За угледот на судството, еден од главните императиви е прифаќање на отворено судство, но и строго почитување на транспарентноста и отчетноста“, вели Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд.

Седма година по ред се одржа конференцијата на тема „Квалитативно судење- Предуслов за повторно градење на довербата на јавноста“, каде повторно фокусот беше ставен на кредибилитетот на судството. Во меѓувреме, судството во земјата продолжува да има низок кредибилитет поради мешањето на политиката и недостиг на волја за радикални реформи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button