МАКЕДОНИЈА

Гир: Ниту едно од тврдењата на гласовите кои велат дека С Македонија не може да влезе во ЕУ не е точно

Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да ѝ пристапи на Европската Унија – дали затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Унијата. Ниту едно од овие тврдења не е точно, рече денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир на настанот на Министерството за надворешни работи со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО.

„Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив“, рече Гир во своето обраќање на настанот.

Говорејќи во таа насока, евроамбасадорот Гир кажа оти го споделува мислењето дека патот кон Европската Унија е пат на просперитет, зајакнување на демократските вредности, владеењето на правото, но и и пат на стабилност.

„Тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас. И од овие причини ја поттикнуваме Северна Македонија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија. Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските што ги презеде во јули 2022 година по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг-процесот, како и имплементацијата на реформите кои беа утврдени во текот на овој процес, вклучително и тие што се набројани во новиот план за раст и реформи на Европската Унија“, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button