ВЕСТИЗДРАВСТВО

Специјализантите на протест за поголем месечен надомест и регулиран работен однос

Лекарите специјализанти кои денеска (27 март) протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството.

Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.

„Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина – Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба“, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button