ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Гласините дека ЕУ не ја сака Мкедонија или дека земјата не е способна не се точни

Учесниците на амбасадорскиот состанок по повод четиригодишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО, ја истакнаа важноста од исполнувањето и на втората стратешка цел – членство во ЕУ. Според евроамбасадорот Дејвид Гир, за ова да се случи треба да се исполнат преземените обврски од францускиот предлог и да се спроведуваат реформите.

„Стана вообичаено да се слушаат сирени кои велат дека земјава не можела да се зачлени во ЕУ, дали поради тоа што ЕУ не ја сакала земјата внатре или затоа што не била способна да се зачлени. Ништо од тоа не е точно. Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, патот е практичен и многу достижен“, рече Гир.

„Сигурен сум дека со одговорниот однос кој го имаме кон реформите и пристапните преговори со ЕУ, ќе успееме во достигнување на целта, Северна Македонија до 2030 да биде успешна европска приказна“, рече Маричиќ.

Зборувајќи за алијансата, учесниците потенцираа дека рускиот претседател Путин не ја исполнил целта – наместо да спречи проширување на НАТО, после Македонија во сојузот се зачленија и Шведска и Финска. Украинската амбасадорка Лариса Дир се заблагодари за пружената помош, додека пак министерот Бујар Османи очекува руската агресија да се прелее кон Молдавија и Балканот.

„Сега, со градењето на сопствен одбранбен систем и со модернизирањето на македонската армија преку НАТО стандардите, Владата на Република Северна Македонија секогаш одговараше на украинските повици за помош во муниција и оружје. Украинците се благодарни“, рече Лариса Дир – амбасадорка на Украина.

„Регионот забрзано станува поле за геополитички натпревар и Западен Балкан е на огнената линија во судирот помеѓу демократиите и автократиите“, рече Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Четиригодишнината од членството во НАТО беше свечено одбележана и во Генералштабот на Армијата, каде министерката за одбрана Славјанка Петровска нагласи дека зачленувањето во Алијансата била натпартиска и надетничка цел, која е најдобра гаранција за безбедноста.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button