СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО/ Белингам повторно ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи

Џуд Белингам, суперѕвездата на Реал Мадрид и на репрезентативец на Англија, ја спаси својата селекција од пораз од Белгија на „Вембли“. Гостите водеа, а буквално во последниот напад од судиското продолжение Белингам погоди за конечни 2-2 и лудо прослави со навивачите.

Но, Белингам многу повеќе ги импресионираше фудбалските фанови ширум светот со она што го направи пред натпреварот. Секој играч придружуваше по едно дете на теренот, а англискиот ас беше придружуван од момче со попреченост.

Откако го истурка на тревникот во количката, почна да врне. Додека играчите се редеа за химната, Белингам забележа дека на момчето му е студено. Реши да го заштити од дождот. Откако кратко разговараше со него, го соблече горниот дел од тренерките и го покри момчето во инвалидска количка. Неговиот гест ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи, а видеото од ситуацијата стана вирално.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button