СПОРТ

Ѓоковиќ, нов рекордер во „АТП“ листата

На последното рангирање на Лигата на професионални тенисери (АТП), Новак Ѓоковиќ ја забележува 311 недела на нејзино чело. Српскиот тенисер го надмина рекордот на Роџер Федерер, кој остана 310 недели на чело на АТП-листата, а зад него се: Пит Сампрас со 286, Иван Лендел со 270 и Џими Конорс со 268 недели се на врвот на листата на најдобри тенисери во светот. Сега следната цел на Ѓоковиќ е рекордниот број на освоени грен слем турнири. Српскиот тенисер во моментов има 18 титули, додека пред него се Надал и Федерер со по 20 титули. Да потсетиме дека на последното рангирање на АТП-листата има само една промена. Стефанос Циципас го надмина Федерер и сега е на 5-то место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button