ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голема пратка на мобилни телефони запленета од Царинската управа

Царинската управа соопшти дека привремено стопирала 1,2 тони стока која на 11 март била запленета на Меѓународниот аеродром Скопје. Се работи за  пратка на мобилни телефони, за кои неофицијално се тврди дека се околу 3.000 парчиња распределни во 100 кутии кои се превезувале на товарен шлепер. Царинската управа го известила Јавното обвинителство.

Царинска управа:

„Јавното обвинителство е писмено известено, додека во текот на денот се извршени дополнителни консултации со надлежниот обвинител за понатамошни дејствија. Стоката, која во моментот е запленета, била наменета за Скопје. Поради откриените неправилности, поточно неусогласеност меѓу декларираната фактичка состојба и количината на стоката, Царинската управа врши соодветна контрола и истрага за овој случај“.

Извори од истрагата при МВР за Алсат велат дека прелиминарните информации се однесувале за количина дрога која, според свиркачите, била наменета од Дубаи до Амстердам за да заврши во Скопје. Во возилото, кое било запрено за да се провери присустви на евентуална дрога, се покажало дека има илјадници мобилни телефони и додатоци кои доаѓале од Дубаи, Истанбул за Скопје. Досега, органите на прогонот не посочија конкретни имиња на осомничени лица. Се смета дека вредноста на забранетата стока на локалниот пазар достигнува и до 3 милиони евра.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button