ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ: ДУИ може да предизвика немири на изборите

Опозицискиот фронт го вперува прстот кон ДУИ, за која велат дека имаат доволно причини да се сомневаат дека може да предизвика немири на изборите, откако ќе претрпе пораз. Според нив, основа за сомнеж е извештајот на ОДИХР пред изборите, кој не бил позитивен за земјава.

„Врз основа на народната изрека дека давеникот се фаќа за сламки, земајќи го предвид извештајот на ОДИХР кој предвидува можна нестабилност и неизвесни избори, имаме право да се сомневаме дека ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го прифати сигурниот пораз кој доаѓа. Не смееме да го занемариме фактот дека кандидатот за претседател на ДУИ до вчера беше претседавач со ОБСЕ и имаше или требаше да има пристап и да учествува во изработката на овој извештај“, рече Орхан Муртезани, Вреди.

ОБСЕ-ОДИХР пред два дена објави извештај за предизборниот амбиент во земјава. Денот на гласање ОДИХР сака да го следи со 24 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи.

ОБСЕ-ОДИХР:
„Медиумското покривање на изборната кампања е фрагментирано и поларизирано, има значително зголемување на националистичката реторика што може да резултира со зголемени немири и тензии, забележан е пораст на нетолерантна и насилна реторика која може да се толкува и како говор на омраза, вклучително и против етнички малцинства.”

ОДИХР ги набљудува и оценува сите изборни процеси во земјата повеќе од една деценија. Тие, по евалуациската посета во февруари, изјавија дека била прошуштена можноста за суштинска изборна реформа.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button