ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Едногласно изгласан законот со кој се очекува да се ограничи профитната маржа на трговците

Без расправа и едногласно е изгласан законот со кој се очекува да се ограничи профитната маржа на трговците и да се стабилизираат малопродажните цени на прехранбените производи во земјава.

Законот за кој многу се зборуваше беше одобрен, но што значи тоа во пракса! Дали граѓаните ќе останат на милост и немилост на трговците и во наредните 6 месеци додека трае законскиот период во кој Комисијата за заштита на конкуренцијата треба да ги усогласи законските одредби.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи позитивно ги оценува одлуките на одредени компании цените на некои производи да останат замрзнати до 15 мај.

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат континуирани проверки. Досега имаат извршено 6500 контроли со 208 казни во износ од 34 милиони денари.

Со одобрување на законот, се очекува да се отстранат сите нефер практики меѓу трговците и добавувачите. Со законот се уредува постапката за изведување на докази и прекршочната постапка, определувањето на висината на глобата за сторен прекршок и одлуките на Комисијата за изрекување на казни.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button