СПОРТФУДБАЛ

По отказот на Д’Аверса, Лука Готи е нов тренер на Лече

Два дена по отказот за Роберто Д’Аверса поради скандалот кој го приреди откако удри со глава противнички играч по неделниот пораз 0-1 на домашен терен од Верона, раководството на Лече се одлучи довербата да му ја даде на Готи.

Готи до неодамна го предводеше Удинезе, а беше и помошник на Маурицио Сари во Челси во сезоната 2018/19.

„Постигнавме договор со Готи до крајот на сезоната кој ќе биде продолжен доколку клубот се спаси од испаѓање од Серија А“ – соопштија од Лече.

Дебито на Готи на клупата на Лече ќе биде в сабота, на мечот против последнопласираната Салернитана. Лече моментално е на 16. место со 25 бода, само еден над зоната за испаѓање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button