ЕКОНОМИЈА

Големите проблеми допрва пред македонската економија

Македонската економија допрва ќе се соочува со големи проблеми. Економијата е приклештена од високото ниво на сива економија, некадарни работници, загубени странски пазари. Од друга страна, без никаква државна стратегија во последниве 30 години властите дозволија да се изгуби и оној потенцијал кој барем малку го имаше земјава. Земјава доцни со инфраструктурните проекти, а парите од државната каса редовно се трошат на непродуктивни трошоци и социјални пакети. Ова се само дел од поентите од вечерашната емисија Економски магазин на Алсат.

„Се живее од избори до избори, буквално се живее од избори до избори. А, избори се добиваат со социјала и социјална помош, избори не се добиваат со капитални проекти и со разрешување на проблеми. Со разрешување на проблеми и со капитални проекти се губи власт. Или кратко кажано, до сега не сме имале власт која сакала да и остави нешто на Македонија. Туку сме имале секогаш власт, која сака да остане на власт“, вели Горан Рафајловски, стопанственик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button