СПОРТ

Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во турска Анталија.

Advertisements

Bо мечот од четвртфиналето кој поради дождот не се одигра во текот на вчерашниот ден иако беше фаворитска, загуби од хрватската квалификантка Теа Вурт со 2-1, по сетови 6-3, 4-6 и 6-1.

Откако Хрватката го доби првиот сет, нашата тенисерка успеа да возврати во вториот. Сепак, во одлучувачкиот трет сет следеше голем пад кој одлично го искористи Вурт за негово лесно освојување (6-1) и пласман во полуфиналето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button