СПОРТ

Ѓорческа, поразена од 18-годишната тенисерка од Филипини!?

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се сопна на втората пречка на ИТФ фјучрс турнирот кој се игра во Трнава, Словачка за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа денеска во второто коло беше поразена од 18-годишната тенисерка од Филипини, Александра Еала со 2-0 во сетови.

Филипинката која е 180. место во светот го доби првиот сет со 6-4, а во вториот беше подобра од Ѓорческа со 6-2. Мечот траеше 85 минути.

За следната ндела Ѓорческа е пријавена за настап на уште еден турнир во Трнава, овојпат од рангот W75, за кој ќе треба да игра и квалификации./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button