СПОРТФОРМУЛА - 1

Андреа Кими Антонели, ќе го наследи Хамилтон кај Мeрцедес

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, изјави дека имале разработен план за моментот кога Луис Хамилтон ќе го напушти тимот. Австриецот изјави дека сакаат да имаат отворено место за 17-годишниот Андреа Кими Антонели и дека тоа е причината поради која потпишале договор на две сезони седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Оваа изјава на Волф значи дека Антонели од наредната сезона ќе седне во болидот на Мерцедес на местото на Хамилтон, кој од 2025 година ќе вози во Ферари.

„Во минатото бевме во ситуација да можевме да му дадеме шанса на Макс Ферстапен, но тоа не се случи бидејќи ги имавме Хамилтон и Розберг и едноставно немавме место во кокпитот, а шансата потоа ја искористи Ред Бул. Му дадоа договор со Торо Росо, со опција следната сезона да вози за Ред Бул. Го загубивме, а погледнете сега колку е успешен“, изјави Волф

Првиот човек на Мерцедес потоа проговори за Антонели.

„Имаме јуниор кој вози на многу високо ниво и сакаме да имаме отворена опција тој да седне во болидот. Секако, тоа не значи дека тој ќе биде еден од возачите следната сезона, има само 17 години и можеби е прерано. Но, ако ги погледнеме следните пет или десет години, сакам да ја имаме таа опција“.

Новата сезона во Формула 1 започнува во четврток со тренинзи за Големата награда на Бахреин. Трката е закажана за сабота во 16 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button