ВЕСТИЗДРАВСТВО

Нема доволно лекари за теренска вакцинација против голема кашлица

Во време кога некои од лекарите ја заговараат идејата да се спроведе теренска вакцинација, како во минатото, со цел да се вакцинираат сите деца, дел од градовите во внатрешноста на државата се соочуваат со недоволен број на вакцинални тимови. Големата кашлица пак, зема сè поголем замав.

„Треба теренска вакцинација посебно за овие терени каде што нема можност родителот да го донесе детето во вакциналниот пункт. А за тоа да се направи треба повеќе кадар…“, рече Јованка Коровешоска, Центар за јавно здравје Охрид.

А, каква е сега ситуацијата во југозападниот дел на државата? Коровешоска одговара:

„Охрид има три докторки. Сестри има доволно, но три екипи се. И Струга тука се и тие. Но, треба повеќе ако треба теренска вакцинација…“, додава Коровешоска.

Откако во Скопје беше прогласена епидемија на голема кашлица, сè поголем број родители ги носат своите деца на вакцинација. Според Институтот за јавно здравје, во периодот од 16 до 22 февруари имало 28 нови потврдени случаи на голема кашлица. Најголем дел се во Скопје 22.

„Пролонгирано кашлаат децата. Од искуство, со месеци некогаш трае таа манифестација…“, рече Никола Филев, педијатар.

Најголем број на случаите се деца под една година и од 10 до 14 години. Од нив, четири се хоспитализирани, од кои 3 деца на возраст под 1 година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button