ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гошинце остана село без ниту едно дете запишано на школо

Гошинце остана село без ниту едно дете запишано на школо

Маглата ги зафати сите куќи во селото Гошинце во општина Липково. Есенскиот дожд го поплави селскиот пат, затворајќи ги и малкуте жители кои останале селото во нивните домови. Токму недостигот на инфраструктура принуди многу жители да се преселат во други села или градови за подобар и полесен живот.

„Не можеме сите да купиме џипови, има луѓе кои се невработени, овој пријател не прима ни социјална помош. Се сеќавате ли на селото, како беше порано? Имаше луѓе, имаше 70-80 куќи тука. Во мојата генерација во училиштето имаше 140 ученици. Повеќе се преселиле во Аарачиново, Опаје, Матејче, Романовце. Има некои што доаѓаат на одмор, има и такви кои се грижат за животните, прават нешто, садат компири, пиперки, грав, пченка, за да поминат некако“, рече Џелал Лимани, жител.

„Животот е добар, овде е нормално, немаме многу луѓе, но времето го поминуваме. Условите се добри, селото е добро, но главен проблем е патот. Во Аарачиново живеам повеќе од 30 години, се вратив за време на пандемијата, првично за викенд, па останав, тука сум две и повеќе години. Повторно кај стариот бунар. Тогаш училиштето не работеше во Арачиново, училиштето функционираше овде, децата сакаа повеќе овде“, додаде Башким Синани – жител на село Гошинце.

Бабата Алије Билали е најстарата жителка на селото Гошинце и има 90 години. Како млада тука се омажила И се сеќава дека било полно со луѓе, но без услови за живот.

„Следната година заминуваме, си одиме, што ќе правиме овде, не можеме да останеме овде. Тогаш бев млада, не знаев, да знаев дека вака  ќе биде никогаш не би дошла.

Најголемиот проблем е патот?

Патот, немаме ништо, ако човек нема пат, не е добро, автомобилите не кружат, ништо, што да се прави“ рече Алије Билали, жителка.

Покрај малкуте преостанати жители, мал е и бројот на ученици во приградското училиште „Дитуриа“. Во учебната 2022-23 година немаше ученици во прво и второ одделение./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button