ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од патарини ќе се соберат 54 милиони евра

Од патарини ќе се соберат 54 милиони евра

Граѓаните на Македонија годинава за патарини ќе потрошат близу 54 милиони евра. Податоците од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека заклучно со ноември патарините наплатиле без малку 49 милиони евра. Според анализата на Алсат во последниве четири години граѓаните и фирмите платиле близу 178 милиони евра за патарини. 2022 година ќе биде рекордна година по оставрениот приход по овој основ на државната фирма, а тоа е поради зголемениот број на патарини во земјава и зголемениот транзит на граѓаните.  Најмалку пари во државната каса по овој основ во последниве четир години се слеале на стартот на пандемијата, односно во 2020 година, кога биле наплатени 34 милиони евра, година претходно или 2019 граѓаните за патување со моторно возило  од едно до друго населено место платиле над 43 милиони евра. Лани пак за патарини граѓаните искеширале близу четириесет и шест и пол милиони евра.

ЈПДП

НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ

2019 – 43.607.588 Милиони евра

2020 – 34.029.562 Милиони евра

2021 – 46.401.122 Милиони евра

2022 – 53. 658.500 Милиони евра

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека немаат намера да ги намалат цени на патарините бидејќи тоа биле средства со кои се одржуваат патиштата.

„Правиме патарини бидејќи имаме фаза во која инвестираме исклучително многу во изградба на патна инфраструктура, па од тие причини тие средства се како приходи. Тоа е извор на приходи за исплата на кредитите што ние ги враќаме како јавно претпријатие. Сите кредити кои ги земаме  за изградба на патишта, ги враќаме како јавно претпријатие“, велат од ЈПДП.

Граѓаните се едногласни дека возат по катастрофални патишта. Пред камерата на Алсат тие велат дека би платиле и повисоки патарини ако гледаат дека навистина нивните пари кои ги трошат за патарини се инвестираат во подобрување на патната инфраструктура.

Какви патишта имаме според Вас?

“Лоши, уште се многу лоши“, рече еден граѓанин.

„Во однос на цените, се наплатува „дебело“ а ништо не се добива“, рече еден друг граѓанин.

„Патиштата се катастрофа, одржувањето е на нула. Вакви патишта во Европа не постојат, на најниско ниво е одржувањето на патиштата во Република Македонија, а патарините не одговараат на одржувањетона патиштата. Многу се високи цените“, додаде друг граѓанин.

Според Законот за државни патишта цените на патирините во Македонија се одредуваат според должината на патувањето, односно еден поминат километар чини 2,57 денари. Последната патарина во земјава беше пуштена во средината на 2019 година на автопатот Гоце Делчев. Според ценовникот на ЈПДП, од Скопје преку Миладиноци до Штип треба да се платат 160 денари. Истата сума ја плаќаат и граѓаните кои секојдневно циркулираат на потегот Тетово – Скопје за двата правци./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button