ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Судот да ги објасни одлуките за “Таргет Тврдина”

Ковачевски: Судот да ги објасни одлуките за "Таргет Тврдина"

Сите чувствуваат очај поради одлуката на Апелација за масовното прислушување и спасувањето на Мијалков од затвор, но од таквиот епилог  враќање нема. Во понеделник заседава Судскиот совет, но  не може да влијае на укинување на Апелациската одлуказа поништување на пресудата за Трагет Тврдина и  случајот да го врати на повторно судење.  Премиерот Димитар Ковачевски е разочаран и вели дека судството треба да им даде објаснување на граѓаните за одлуките што ги носи.

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Ковачевски го довршува она што Заев го започна. Од партијата на Мицкоски обвинуваат дека власта ги уништила Судството и Обвинителството. Според опозицијата, клиентелизмот и корупцијата во правосудниот систем ескалирале, и поради оваа причина недовербата е 92 отсто.

Апелација  го врати на повторно судење предметот „Таргет-Тврдина“ во кој поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор за масовно прислушување  на илјадници граѓани. Заедно со Мијалков на 4 години затвор беше осудена  поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а по 15 години затвор добија поранешните полициски функционери  Горан Грујевски и Никола Бошковски. Ова е втор пат како Апелација ги поништува пресудите за Мијалков за издржување на  затворска казна./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button