ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рекорден број граѓани се вакцинирале против сезонски грип

Рекорден број граѓани се вакцинирале против сезонски грип

Вакцинацијата против грип годинава постави рекорд во земјава. Над 57.000 граѓани се имунизирани со четиривалентна вакцина за заштита од сезонски вируси. Од Институтот за јавно здравје велат дека преку платформата „Мој термин“ во оваа бројка се опфатени категориите на најзагрозени граѓани, кои имаат приоритет бесплатно да се вакцинираат. Во оваа група спаѓаат постари лица над 65 години, хронично болните, трудниците, децата од 6 месеци до 5 години, како и медицински персонал. Директорот на Институтот за јавно здравје вели дека стравот од Ковид  го зголемил интерес за вакцинација против грип, а вакцините против КОВИД ретко се земаат.

„Трендот на раст главно се должи на свеста на луѓето за пандемијата на ковид, луѓето ја поминале болеста со тешки симптоми, голем дел не можеле да се спротивстават на клиничката состојба, така што на ниво на држава имаме 9 илјади смртни слуачи  како резултат на КОВИД досега. Главно на возраст над 65 години кои се зафатени со корнична болест“, рече Шабан Мехмети, директор на ИЈЗ.

И додека нашите граѓани годинава достигнаа највисоко ниво на вакцинација против грип, од друга страна, најмалку аплицирана вакцина останува онаа против Ковид. Од Министерството за здравство известуваат за многу мал број заинтересирани за вакцинација, така што пунктовите за вакцинација веќе подолго време работат само во една смена.

„Вакцинирани се вкупно 1.904.506 граѓани, од кои 869.763 граѓани се проценува дека се целосно имунизирани со две дози, од кои 8.535 примиле четири дози. Постигнат е колективен имунитет, но корона вирусот се уште е присутен и се препорачува обновување на имунитетот преку вакцинација“, велат од Министерство за здравство.

Но, најавите на СЗО вакцината против КОВИД да се дава сезонски не се реализираа ниту годинава, па граѓаните се оставени да одлучуваат сами. Лани биле дадени 40.000 вакцини против грип покриени од Фондот за здравство, а  11 илјади комерцијални вакцини, останаа пеиксористени сите потрошени. Годинава се нарачани околу 5.000 комерцијални вакцини кои граѓаните можат да ги добјат за 800 денари./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button