ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата се уште не избрала државен правобранител – конкурсот е објавен пред три месеци

Владата се уште не избрала државен правобранител – конкурсот е објавен пред три месеци

Од 23 август годинава, кога го распиша конкурсот за државен правобранител, Владата се уште не избра нов правобранител. Иако рокот за поднесување на кандидатури  заврши на 12 септември и се пријавени неколку кандидати, од Владата велат дека кога постаплата ќе зварши, мислењето ќе биде навремено објавено. Неофицијално, се дознава дека прашањето е кај Кадровската комисија при Владата, која на навела кој кандидат ги исполнил критериумите наведени во конкурсот. Од Владата велат дека не можат да ги откријат имињата на кандидатите за правобранители.

„Владата распиша конкурс за државен правобранител и постапката е во тек. Кога ќе има одлука, мислењето ќе биде соопштено“, велат од Влада на Северна Македонија.

Владата објави конкурс за  државен правобранител дента кога актуелниот Стафа, соопшти дека поднел оставка, а од Владата  рекоа дека бил разрешен поради непрофесионално постапување. Неофицијално се тврди дека  Во неофицијални се тврди дека  Стафа повторно е во игра за државен правобранител, иако ова не е потврдено ниту од самиот Стафа, ниту од Владата.

„На предлог на Комисијата за кадровски прашања Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата државен правобранител и донесе одлука за објавување нов конкурс за државен правобранител“- Владини одлуки од 72 седница.

Стафа во својство на државен правобранител поднесе кривична пријава против Ајро и Бубевски со тврдење дека постапиле спротивно на Законот за кривична постапка во случајот Сеад Кочан, поточно предложиле конфискација на имотот кој е под привремена мерка. Јавното обвинителство не презеде чекори во оваа насока./Alsat.mk

Адријан Керими

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button