ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Град Скопје; Против комарци ќе се прска наредните денови

Град Скопје; Против комарци ќе се прска наредните денови

Сите го сакаат летото, но никој не ги сака комарците. Сезоната на поплаки од комарци и други инсекти веќе пристигна. Најмногу страдаат оние кои живеат во близина на реки, езерца, мочуришта и слично.

“Да, ноќе има, но не толку многу. Нечистотијата влијае. Неодржување на чистотата од страна на комуналната хигиена, рече еден жител.

„Како не, имаме, но не како претходните години“,изјави еден жител.

„Попречуваат, влегуваат во очи. Од отпад да, може да се соберат од отпадот. Го чистат двапати неделно”, рече еден жител.

Од Град Скопје велат дека прскањето против комарци се планира да се изврши  наредните денови.

Град Скопје ги известува граѓаните дека во наредните денови на територијата на град Скопје ќе се врши дезинсекција од земја против големи форми на комарци од утре 22.06.2022 година, (среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. Авионската дезинфекција против големи форми на комарци, пак, ќе се изврши на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови. Доколку атмосферските услови не дозволуваат прскање, дезинфекцијата ќе се врши во исто време следниот ден кога ќе бидат поволни атмосферските услови“, изјавија од  Град Скопје.

Во периодот на прскање, пчеларите мора да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите./Alsat.mk

 

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button