ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните на Теарце разочарани, општината не ги средува опасните речни корита

И покрај многуте ветувања на општина Теарце, досега ниту еден камен не е поместен во насока на санирање на коритата на потоците кои секоја година поплавуваат цели населби предизвикувајќи материјална штета.

До пред една година таму имаше пат што една од населбите го користеше за да се поврзе со главниот пат. Поплавите од пред една година го уништија патот, но освен фактот што патот не беше изграден за да се врати во претходната состојба, општинските власти не го исчистија како што треба ниту коритото на оваа река која секоја година им предизвикува големи штети на жителите, уништувајќи ги засадените ниви, но и делови од домовите.

Жителите се жалат дека не само што не се преземени чекори за заштита од поплави, туку и не добиле пари за штетата предизвикана пред една година.

„Нанесува огромна штета, но никој не презема мерки за тоа. Поднесовме жалба до општината, но ништо. Сами видовте колку штета направи реката лани, целото поле надолу е уништено, мостот е отсечен тука на патот кон Одри, апсолутно никој не презеде мерки за да го поправи. Можеби некој треба да ја плати штетата, но не направија ништо.”

„Не знам, минатата година беше исчистено малку, но повеќе не, општината знае, треба да се исчисти и да се поправи“, реагираат жителите.

Но, градоначалникот на Теарце топката ја префрла кај Владата затоа што, според него, општината нема сила самата да направи таква интервенција.

„Општината сама по себе нема сила, но гледаме нешто со агенциите и министерствата. Во овој контекст, ние како општина имаме проекти изработени многу порано пред пет-шест години, од вториот мандат во селата Непроштено, Слатино, Теарце, Доброште и Одри, имаме проекти за изградба на речните корита, но без помош од Владата, централната власт, тешко е“, изјави Исен Асани, градоначалник на Теарце.

Асани вели дека во соработка со општината Прењас во Албанија, подготвиле заеднички проект и се надеваат дека преку ИПА фондови ќе обезбедат пари за средување на речните корита во двете општини.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button