ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Граѓаните се жалат на високите сметки за струја во декември

Поскапувањето на струјата требаше да се случи од 1 јануари, но и декемвриските сметки за граѓаните дојдоа поскапи. Многу граѓани се упатија кон наплатните пунктови на ЕВН за да ги оспорат скапите сметки. Некои велат дека цената на струјата им е двојно зголемена во однос на ноемвриската сметка.

Од 1 јули е укината евтината дневна тарифа од 14:00 до 16:00 часот, а од 1 јануари има мало поскапување и кај евтината ноќна тарифа од 22:00 до 06:00 часот, 1kw порано чинеше 3,99, сега ќе чини 4,00 денари. Во обид да заштедат, граѓаните велат дека перат, готват и се греат само ноќе, но сметките пак се големи.

Од ЕВН Хоум велат дека техничките и комерцијалните загуби на државно ниво за 2022 година се околу 14%. Според нив, во овие бројки се вбројуваат и кражбите, иако тие не се наплаќаат директно од страна на други корисници , туку загубите се доставуваат до Регулаторната комисија за енергетика, која ги зема в превид во моментот на формирање на новата цена на струјата.

“Споредено со претходните месеци, секоја година во зимскиот период има благ пораст на бројот на поплаки, како резултат на зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија од граѓаните поради ниските температури. Поплаките се разгледуваат поединечно од службите на ЕВН, и секој корисник добива соодветен одговор“, наведуваат од ЕВН Хоум.

Со одлука на РКЕ, од 1 јануари струјата се наплаќа малку поевтино за домаќинствата и малите компании. За домаќинствата кои штедат, цената на струјата за блок I и II симболично се намалува, поскапување има за блок III и IV.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button